Нови олеснувања за кафеаните: Преку недела ќе работат до полноќ, за викенд до еден часот

На предлог на Комисијата за заразни болести, Владата го измени Протоколот за работа на кафетериите и на угостителски објекти за исхрана со кои овие објекти сега ќе можат да работат според работното време утврдено во нивните лиценци за работа, наместо до 22:00 часот како што досега беше определено со овие протоколи.

45

 

Како што објави претходно министерот за економија Крешник Бектеши, одлуката за продолжување на работното време на угостителските објекти подразбира работа до полноќ во работни денови и до 1 часот после полноќ за време на викенд.

По укинувањето на рестриктивните мерките и отварањето на угостителските објекти, (рестораните и кафеаните) имаа право да работат до 22 часот.