Нови проблеми за Милевски: Николов е позитивен на Ковид-19!

4

Новиот член на Шериф Тираспол, Бобан Николов е позитивен на Ковид-19. Ова е најновата вест која доаѓа во лошо време пред настапот на македонската репрезентација во квалификациите за Светското првенство, односно септемвриските битки против Ерменија, Исланд и Романија.

Селекторот Благоја Милевски допрва треба да го објави списокот, но на истиот се очекуваше да биде и Николов, па останува да видиме каква ќе биде ситуацијата со него, дали докрај ќе се чека или пак може ќе биде повикана замена.

Ова е дополнителен проблем за Милевски и Македонија затоа што репрезентацијата е „тенка“ на тој дел од теренот, Аријан Адеми исто така веќе одреден период има проблеми и прашање колку може да помогне, а имаме и играчи кои не се во прв план во своите клубови.

Боби дебито на кормилото на репрезенатцијата ќе го има на 2 септември против Ерменија, три дена подоцна се соочуваме со Исланд за да овој дел го заокружиме на 8 со пресметката со Романија.