Нови случаи на корнавирус во Кина

6

Кинeските здравствени власти јавија за 22 нови случаи на коронавирус во земјата, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Ова е зголемување на бројот на нови инфекции во однос на претходниот ден, кога беа пријавени 16 случаи на вирусот.

Од 22 нови случаи, 17 биле пријавени во провинцијата Синданг, додека пет случаи биле увезени од странство.

Пријавени се и тринаесет асимптоматски случаи.

Од почетокот на епидемијата на Ковид-19, која започна од Кина, во земјата се регистрирани 83.682 случаи, а како резултат на инфекцијата починале 4.634 лица.