Нови случаи позитивни на вирусот во Владата на Србија

Александар Пајиќ, советник на министерот за образование, Младен Сарчевиќ и уште двајца од истото министерство се позитивени на вирусот корона. Пајиќ e префрлен во КБЦ Драгиша Мишовиќ рано утрово и е на респиратор, а другите двајца се со лесна клиничка слика.

15

– Тројцата имаа состанок на кој веројатно си го пренеле вирусот, изјавил министерот Сарчевиќ.

Во последното деноноќие во Србија починале уште 7 лица како последица од вирусот со што вкупната бројка се искачи на 51 починат пациент.