Нови тензии во бугарското Народно собрание, спречена тепачка меѓу пратениците на „Продолжуваме со промената“ и социјалистите

2

Ситуацијата повторно зовре во бугарскиот парламент, стигнувајќи до раб на физичка пресметка помеѓу пратениците од „Продолжуваме со промената“ и ДПС. Причина беше остриот говорот на Костадин Костадинов од „Преродба“, кој од собраниската говорница обвини дека синоќа бил направен обид за организирање на „Мајдан“ во Софија, предводен од фашистички измент и побара да се спречи обидот да биде окупирана државата.

ВЧЕРА БЕВМЕ СВЕДОЦИ НА ОБИД ЗА МАЈДАН ВО БУГАРИЈА. ОБИД КОЈ НЕ УСПЕА ЦЕЛОСНО, ЗАТОА ШТО МАЈДАН СЕ ПРАВИ СО МАЖИ, А НЕ СО ПЛАТЕНИ СОРОСОИДИ. САКАМ ДА ИМ СЕ ОБРАТАМ НА ЛУЃЕТО И ДА ГИ ПОТСЕТАМ ДЕКА НАСТАНИТЕ ВО УКРАИНА ЗАПОЧНАА НА ИСТИОТ НАЧИН, КОГА ЛУЃЕТО, НА КОИ НЕ ИМ СЕ ДОПАЃАШЕ ИЗБОРОТ НА НАРОДОТ, ЗАПОЧНАА ДА ДЕЈСТВУВААТ. НА ПОЧЕТОКОТ БЕА НЕКОЛКУ СТОТИНИ, ПОТОА ИЛЈАДИ, ПОТОА ПОЧНАА ДА ПУКААТ И НА КРАЈ ДРЖАВАТА ВЛЕЗЕ ВО ГРАЃАНСКА ВОЈНА. ТОА ШТО СЕ СЛУЧИ ВО УКРАИНА МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ И ОВДЕ. БИДЕЈЌИ И ТАМУ, КАКО ТУКА, ВЛАДЕАТ НАДВОРЕШНИ СИЛИ. И ТАМУ, КАКО И ОВДЕ, СЕ ДОЈДЕ ДО СИТУАЦИЈА ВО КОЈА НАДВОРЕШНИТЕ МАРИОНЕТКИ ЈА УРНАА ДРЖАВАТА, ИЗЈАВИ КОСТАДИНОВ.

На неговиот говор остро реагираа пратениците од Движењето за права и слободи, кои го обвинија Костадинов дека ја турка државата во конфликт.

Неговиот говор беше осуден и од пратениците на Бугарската социјалистичка партија и Демократска Бугарија.

Турканиците во салата настанаа откако пратеникот од „Продолжуваме со промената“ Росен Костурков започна да се расправа со пратеници од ДПС, по што станаа уште неколку негови сопартијци за да ја смират ситуацијата, но тоа од Хамид Хамид од ДПС беше поинаку протолкувано па го турна Настамир Ананиев.

Претседавачот со седницата Мирослав Иванов цело време ги повикуваше пратениците да седнат на своите места, а преку вклучениот микрофон можеше да се слушне како некој до него повеќе пати му сугерира да даде 20 минути пауза за да не настане поголем проблем.