Нови 4 случаи на ковид-19, сите од Скопје

4

Денеска се потврдени четири нови случаи на коронавирус во земјава. Како што информираа од министерството за здравство сите новозаболени се од Скопје.

Со ова вкупниот број на заболени во земјава се искачи на 35.

Од министерството информираат дека состојбата на сите болни засега е стабилна.