Нови 87 ковид-случаи, 141 оздравен, без починати

1

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 1.384 тестови, а регистрирани се 87 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 54, Охрид – 9, Битола – 8, Прилеп и Берово – по 3, Велес, Штип и Кочани – по 2, Тетово, Кавадарци, Гостивар и Неготино – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (87), регистрирани се 10 реинфекции.

Регистриран e 141 оздравен пациент од: Скопје – 93, Битола и Штип – по 10, Кичево – 5, Прилеп – 4, Охрид и Кавадарци – по 3, Берово, Велес, Тетово, Гостивар, Струга, Гевгелија, Ресен, Радовиш, Делчево, Кратово, Крушево, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително се регистрирани 3 починати лица од: Скопје (2) и Охрид (1), на возраст од 64 до 74 години. Две лица се починати во болнички услови и едно лице во домашни услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 08.05.-28.05.2022 година.

Направени се 1.384 тестови преку: ИЈЗ-221, ЦЈЗ Скопје-29, ЦЈЗ Битола-38, ЦЈЗ Прилеп-16, ЦЈЗ Тетово-12, ЦЈЗ Куманово-21, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–104, Жан Митрев (Филип Втори)-34, Авицена-20, Биотек-40, Систина-34, лабораторија Лаор-20, Синлаб-9, Ремедика – 15, Плодност-11, Генеа-5, Никоб Лаб-97, ВФВ Медикал-15, Ели МедикаПлус-11, Ројал Медика–2, Спектра-ММ-3, Рапид Лаб–4, Жан Митрев Струмица–3, Нова Лаб Дијагностика–8, Рамус-12, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 600.