Новоименуваната амбасадорка на Куба во посета на Собранието

1

Новоименуваната амбасадорка на Куба, Мариета Гарсиа Хордан денеска ќе биде во посета на Собранието.

Хордан ќе се сретне со Љупчо Димовски, претседател на пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентите на земјите од Латинска Америка и од Карибите и со членовите на оваа пратеничка група за соработка.