Ново поскапување – дизелот достигна 87 денари, бензините 86 и 88 денари

10

Регулаторната комисија за енергетика најави дека вечерва по полноќ поскапуваат нафтените деривати. Бензинот поскапува за 2 денари по литар, а дизелот за 1,5 денари. Станува збор за 1,73 отсто зголемување на малопродажните цени на горивата.

Од вечерва по полноќ цените на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин еуросупер БС – 95 86,00 (денари/литар);
Моторен бензин еуросупер БС – 98 88,00 (денари/литар);
Дизел гориво еуродизел БС (Д-Е V) 87,00 (денари/литар);
Масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 85,00 (денари/литар);
Мазут М-1 НС 52,294 (денари/килограм).

Oд Регулаторната комисија и овојпат нагласуваат дека станува збор за максимални вредности на цените за горивата.

„Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од Комисијата.