Ново поскапување на нафтата утрово

8

Цените на нафтата утринава пораснаа по неколкудневниот остар пад.

Утрово цената на барелот на лондонскиот пазар зајакна за 1,15 отсто на 101,05 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 0,75 отсто на 97,15 долари.

На девизните пазари, пак, падна вредноста на доларот во однос на кошничката валути.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на другите шест главни светски валути, се движи околу 98,89 поени, додека вчера во ова време беше 98,87 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 118,30 на 118,15 јени.

Но, американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1.0965 долари, додека вчера во ова време беше 1.0980 долари.

Од друга страна, поддршка за пазарите обезбедува вчерашниот скок на берзанските индекси на Волстрит за повеќе од 1,8 отсто.

Инвеститорите на најголемата светска берза беа охрабрени од падот на цената на нафтата за повеќе од 6 отсто, па вчера се лизнаа под нивото од 100 долари за барел, првпат по рускиот напад на Украина кон крајот на февруари. Пред една недела цената на барелот достигна 139 долари, највисоко ниво од 2008 година.

Но, денес, како што рековме, цената на нафтата повторно порасна.