Нов силен земјотрес почувствуван синоќа кај Петриња

32

Нов земјотрес со јачина од 3,3 степени беше забележан синоќа кај Петриња, соопшти денеска Сеизмолошката служба на Хрватска.

Земјотресот се случил во 1.37 часот, а епицентарот му бил шест километри југозападно од Петриња.

После тој, следеле уште два послаби земјотреси со јачина од 1,9 и 2,8 степени.

Извор: Блиц.рс