Номинацијата на Полански за „францускиот оскар“ предизвика бес

29

Филмскиот режисер Роман Полански, кој во 1997 година беше осуден за силување малолетничка, влезе во листата номинации за Цезар – француски еквивалент на Оскарите – предизвикувајќи бес.

Филмот на Полански „Офицер и шпион“ или J’accuse на француски јазик, доби 12 номинации за Цезар, награда на француската Академија на филмска уметност.

Полско-францускиот режисер побегна од САД откако беше осуден за силување во 1970-тите.

Оттогаш се соочи со други обвинувања за сексуален напад.

Ален Терзијан, претседател на Академијата за филм, ја бранеше номинацијата на Полански, тврдејќи дека академијата „не треба да зазема морални позиции“ во доделувањето награди.

Меѓутоа, Селин Пике, портпаролка на француската феминистичка организација Osez le Féminisme за францускиот телевизиски канал ЛЦИ изјави: Јас сум шокирана. 400-те професионалци кои гласаа за оваа номинација, му аплаудираат на Полански со 12 номинации, а 12 е исто така број н ажени кои го обвинуваат ПОлански за силување. Ова не е поле на морал, ова е поле на правда.“

„Офицер и шпион“ е заснован на аферата Дрејфус што ја потресе Франција во 19 век – политичкиот скандал кој изби кон крајот на 1800-тите кога еден француски еврејски воен офицер бил погрешно осуден за шпионажа. Евреинот Алфред Дрејфус, артилepиски офицep во француската apмија, беше ocуден за пpeдавство и пpeнесен на островот на ѓaвoлите.

Во септември, филмот ја освои наградата на Големо жири на филмскиот фестивал во Венеција.