Норис верува во прва Ф1 победа оваа сезона

3

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, изјави денеска дека неговиот настап на последната трка во Кина покажал дека може да ја оствари својата прва Формула 1 победа оваа сезона.

Норис заврши втор на кинеското ГП во Шангај минатата недела зад Макс Ферстапен од Ред Бул, порачувајќи дека и самиот не очекувал таков резултат.

Во последните 23 трки, Ферстапен забележа 21 победа и на другите возачи им е тешко да му парираат.

„Веќе реков, не ми треба поголема самодоверба. Трката во Кина тоа го докажа. На почетокот на годината реков дека мислам оти можеме да се бориме против Ред Бул и ќе можеме да победуваме. Секако тоа нема да биде лесно. Но во едно вистинско време, во добри услови и со работи што малку повеќе ќе му одговараат на нашиот болид – верувам 100 отсто во тимот и во мојата способност да го направам тоа“, изјави Норис за Скај.