„Носиш ли некогаш гаќи?“: Сопругата на Џон Леџенд ги налути фановите (ФОТО)

5

Криси Тајгер, сопруга на пејачот Џон Леџенд која има повеќе од 27 милиони луѓе кои ја следат на Инстгарам предизвика хаос откако објави фотографија на која е полугола заедно со својата ќерка .

За нејзините фанови нејзината голотија веќе стана секојдневие и не е чудо, но фактот дека и нејзината ќерка е на истата фотографија малку ги налути.

„На сет со својот стилист“ напиша Криси на шега а по тоа следеа куп критики.

„Боже жено покриј се, ќерка ти е тука“, „Носиш ли некогаш гаќи“ беа само некои од коментарите, додека други пак ја подржаа и рекоа дека ова е прекрано и дека треба да ги учиме децата да го прифатат своето тело и да не се срамат од тоа.