Нуредини: Пожарот се случи за три минути, болницата има надзорни камери

7

-Сите 12 пациенти се во релативно добра здравствена состојба, немаат никакви кожни проблеми од пожарот. Лицата кои починаа имаа изгоретици од прв степен и ги пративме на судска медицина за да може да се изврши индентификација на лицата, информираше утрово координаторот на ковид центарот во Тетово, Гзим Нуредини.

Нуредини објасни дека пожарот во модуларната болница траел многу кратко.

-Пожарот траел од три до 5 минути. Медицинските екипи, вработените и лица кои што беа надвор, роднини кои што сакаат да комуницираат со нас…сите тие помагаа и замислете сѐ се случи за 3 минути. За тоа време се спасија само овие 12 пациенти. Другите не се успеа бидејќи пламенот за 3 минути го опфати целиот простор, вели Нуредини.

Тој појасни дека во моментов во Тетово бројот на заболени се намалува.

Во моментов има 57 хоспитализирани, 36 лица вчера беа прегледани и имаме еден почината, изјави Нуредини.

Во однос на видео-обезбедувањето на болницата тој рече дека болницата имала камери.

-Надзорни камери има, од страничната и од предната страна и материјалите се доставени се на јавен обвинител, рече Нуредини.