Обвиненија против приврзаниците на Трамп кои насилно влегоа во Конгресот

26

Американските судски власти соопштија дека сите опции се на маса, вклучувајќи ги и обвинувањата за бунт, кога станува збор за процесите против насилната толпа поддржувачи на претседателот во заминување Доналд Трамп, која насилно влезе во Конгресот на САД.

Главниот сојузен обвинител на Вашингтон, Мајкл Шервин, рече дека обвинителите планираат да покренат 15 обвиненија, меѓу кои за неовластен пристап и кражба на имот, и дека истражителите комбинираат многубројни докази со цел дополнителни обвиненија. Шервин рече дека 40 обвиненија се веќе поднесени пред повисокиот суд во Вашингтон.

Полицијата соопшти дека уапсила повеќе од 90 лица во Вашингтон и веројатно има нови апсења.Обвинителите на САД од целата земја велат дека ќе го најдат и ќе го изведат пред лицето на правдата секој граѓанин што учествувал во бунтот, чија цел е да се спречи мирен трансфер на власта.

Десетици приврзаници на Трамп упаднаа во Конгресот на САД за време на специјалната седница која подоцна ја потврди победата на демократскиот кандидат Џозеф Бајден на претседателските избори.За време на четиричасовната окупација на зградата на Конгресот, загинаа пет лица.