Обвинетиот во случајот со „ладилникот на смртта“ призна дека помагал за нелегална имиграција

9

Морис Мо Робинсон од Северна Ирска, кој е обвинет за убиството на 39 државјани од Виетнам, кои минатиот месец беа пронајдени мртви во камион во близна на Лондон, денес призна дека е виновен за помагање во нелегална имиграција и стекнување на имот на нелегален начин, пренесува „Танјуг“.

Во изјава по пат на видео-линк од затворот Белмарш во источниот дел на Лондон, Робинсон (25) не се изјасни дали е виновен по 41 точка на обвинението, вклучувајќи и 39 точки за убиство, пренесе „Ројтерс“.

Жртвите, 31 маж и осум жени, беа најдени во приколка-ладилник прикачена на камион на еден имот во Есекс на 23 октомври.