Обвинителката Елизабета Јосифовска денеска ќе сведочи за „Рекет“

9

Судијката Васка Николовска Масевска за денеска во 10 часот закажа рочиште за случајот „Рекет“ на кое се очекува да сведочи обвинителката Елизабета Јосифовска, поранешна заменичка на осомничената Катица Јанева.

Името на Јосифовска во аферата „Рекет“ се спомна кога прв пат беа објавени видео снимките во „Ла веритас“, а во врска со враќање на пасошот на бизнисменот Орце Камчев кој беше осомничен во предметот „Империја“.

Јосифовска потврди дека таа го потпишала позитивното мислење за враќање на пасошот на Камчев, но рече дека одлуката била на Јанева, а таа како нејзина заменичка била должна да ја потпише, бидејќи ја заменувала додека била на одмор.

Катица Јанева на почетокот на судењето најави дека ќе ги повика обвинителите од СЈО како сведоци на одбраната.

Во „Рекет“ првоосомничен е Бојан Јовановски, кој се товари за перење пари и примање награда за противзаконито влијание, додека Јанева е обвинета за злоупотреба на службената должност и овластување.

Третообвинетиот Зоран Милески – Кичеец уште на првото рочиште призна вина за делото примање награда за противзаконито влијание и доби 3 години затворска казна.