Обид за атентат на црногорскиот бизнисмен и трговец со оружје Миодраг Дака Давидовиќ

132

Давидовиќ е сопственик на претпријатието „Нексан“ кое работи со производство на алкохолни пријалоци, но и делува како градежна фирма. Во сопственост на оваа копмпанија е и елитниот хотел „Адмирал“ во Будва.

Синоќа во Белград беше застрелан познатиот црногорски бизнисмен Миодраг Дака Давидовиќ. Човекот, кој според локалните медиуми имал силни политички врски и тргувал со оружје, настрадал во лобито на хотелот „Краун плаза“ во кој живее.

Давидовиќ, кој е сопственик на фирмата „Нексан“ од градот Никшиќ во Црна Гора, е голем ктитор на Српската православна црква. Јавноста дозна за него уште во 1989 година за време на антибирократската револуција во земјата, кога работел како финансиски раководител во железарницата „Борис Кидриќ“.

Непосредно пред почетокот на граѓанската војна во поранешна Југославија, заедно со покојните Павле Булaтовиќ и Момир Булатовиќ, именуван е за началник на Центарот за безбедност во Никшиќ.

Давидовиќ е сопственик на претпријатието „Нексан“ кое работи со производство на алкохолни пријалоци, но и делува како градежна фирма. Во сопственост на оваа копмпанија е и елитниот хотел „Адмирал“ во Будва. Надлежните веруваат дека Давидовиќ е застрелан со снајпер, додека во населбата Нови Београд е пронајдено запалено возило каде е пронајдено оружјето. Тој не е во животна опасност, а полицијата изврши увид на местото на настанот.