Облачно и студено со дожд, на планините снег

2

Времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи од снег на планините, а од дожд на пониските места. Попладне ќе дува засилен северен ветер и врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од повисоките места. Во западните делови врнежите ќе бидат пообилни, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната од 3 до 10 степени.

Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Во повисоките делови од котлината врнежите попладне ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 6 степени.

Во петок ќе дува засилен северен ветер, времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури. За време на викендот и почетокот на следната седмица ќе се задржи стабилно време, а температурите од понеделник ќе бидат во пораст.