Ова е човекот кој го уби синот на германскиот претседател (ФОТО+ВИДЕО)

8

Фриц фон Вајцзекер (59), синот на поранешниот германски претседател Рихард фон Вајцзекер, бил убиен во приватна клиника во Белин.

Вајцзекер држел предавање за црниот дроб кога после 55 минути од публика скокнал човек (57) кој го избодел до смрт.

Уште еден маж (33), инаку полицаец, кој приватно присуствувал на предавањето бил исечен по рацете и горниот дел на телото.

Засега не се знае кој е мотивот за нападот, но се претпоставува дека напаѓачот имал психички проблеми. Полицијата го пребарала и неговиот стан, но не е пронајдено ништо сомнително. Подоцна за време на денот тој ќе биде одведен на психијатриска проценка, по што ќе се донесе одлуката за притвор.

Веднаш по нападот присутните побрзале да му помогнат на Вајцзекер, но залудно. Убиецот бил задржан до пристигнувањето на полицијата.

Колегите на докторот Вајцзекер биле шокирани, а многу од нив плачеле.
Инаку, Вајцзекер од 2005 бил главен доктор на одделението за Интерна медицина во приватната клиника „Шлоспарк“ во која бил убиен.