Овие се топ 10 компании кои најмногу ги загадуваат океаните

17

Пластиката полека влезе во нашите животи. Шишиња, сламки, пакување за овошје и зеленчук, кеси во продавници – се чини дека е неизбежна. Како што полека влезе во нашите секојдневни животи, така полека стана проблем за целиот свет, за кој е неопходно итно решение.

Најголем проблем е пластиката за еднократна употреба. Проширувањето на овие парчиња амбалажа ги забрзува климатските промени, а извештајот на Меѓународниот центар за животна средина утврди дека пластиката до 2050 година ќе биде одговорна за околу 13 проценти од вкупните емисии на јаглерод диоксид.

Кој е одговорен што пластиката ги загадува океаните?

Ова е список со десет брендови кои се покажаа како најголеми загадувачи. Собрани се 476.423 парчиња пластика. Рангирањето е утврдено користејќи го бројот на собрани пластични парчиња, но и колку е раширен проблемот со отпадот од секоја од овие компании.

1. Coca Cola (11.732 парчиња пластика во 37 земји)
2. Nestle (4.846 пластични парчиња во 31 земја)
3. PepsiCo. (3.362 парчиња пластика во 28 земји)
4. Mondelez International (1.083 пластични парчиња во 23 земји)
5. Unilever (3.328 парчиња пластика во 21 земја)
6. Mars (543 парчиња пластика во 20 земји)
7. Procter & Gamble (1.160 пластични парчиња во 18 земји)
8. Colgate – Palmolive (642 парчиња пластика во 18 земји)
9. Philip Morris International (2.239 парчиња пластика во 17 земји)
10. Perfetti van Melle (1.090 парчиња пластика во 17 земји)

Парчињата кои најчесто се најдени се пластични кеси и шишиња.