Овој потег го одбележа Супер Боул: Неверојатно додавање на Махомс (ВИДЕО)

9

Патрик Махомс стана првиот играч кој беше избран МВП на регуларниот дел и на Суперболот во НФЛ.

Колку е добар квотербекот на Канзас Сити, синоќа покажа во клучните моменти кога ја презеде одговорноста и го одлучи победникот.

При резултат 20:10 49ерс Махомс направи неверојатно додавање над 40 метри. Тој ја фрли топката директно во рацете на Тајрек Хил и тоа беше клучен потег за голем пресврт во последната четвртина.

 

Инаку, Канзас Чивс го добија натпреварот на стадионот Хард Рок во Мајами со резултат 31:20 и со тоа стигнаа до својата прва титула по 50 години чекање.