Одбележување на Денот на македонските пожарникари – 20 Мај

3

Во Противпожарната бригада на Град Скопје денеска ќе биде одбележан Денот на македонските пожарникари – 20 Мај.

– На 20 Мај, Денот на македонските пожарникари, им оддаваме поддршка и признание на пожарникарите кои секојдневно даваат максимални напори со цел да го заштитат нашиот град и нашата безбедност. Ја изразуваме нашата благодарност на пожарникарите од Противпожарната бригада на Град Скопје за нивниот безрезервен придонес во општеството, соопшти Град Скопје.