Одбраната за 27 април: Нинџа не ги видел Спиро и Миле во ВМРО-ДПМНЕ

11

Обвинението е фингирано и се заснова на исказ од обвинетиот за упадот во Собранието, Александар Василевски – Нинџа, тврдеа адвокатите на обвинетите организирање на ‘крвавиот четврток’.

Адвокатот на дел од обвинетите, Еленко Миланов тврдеше дека поранешните министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиески никогаш не се наоѓале на иста базна станица со Александар Василевски-Нинџа, кој во претходниот судски процес тврдеше дека Јанакиески и Ристовски биле во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, односно дека Нинџа не бил во „белата палата“ во тој период за кога велеше дека таму биле и ексминистрите и ги слушнал како организираат некого.

-Спиро Ристовски и Миле Јанакиески во ниту еден момент не се наоѓаат на иста базна станица со лицето Александар Василевски -Нинџа кој зборува за нив и утврдува нивна локација во седиштето на партијата. Ни во времето за кое тврди дека ги видел или слушнал како организираат некого во штабот. Според нашите податоци и тие двајца не се на исто место, рече Миланов.