Одбраната на Боки ги повлече сведоците Тодоровиќ и Панделевски

7

Одбраната на Бојан Јовановски, првообвинет во „Рекет“ ги повлекла сведоците Владимир Тодоровиќ и Дејан Панделевски кој требаше да сведочи денеска, па како сведоци во судницата се Сергеј Варошлија, Марија Јанковска и Александар Кртов.

Во моментов сведочи Јанковска, сопственичка на оптика во „Сити Мол“.

– Го познавам Бојан уште кога ја организираше првата 13-ка, манифестација која е од пред 15 години. Многу долго го познавам и тоа познанство ми помогнало многу зошто луѓето го следеа него и тоа што тој го носеше од нашата оптика – рече сведокот Јанковска.

Со Бојан сум била во Грција, Италија, Франција.. Модните брендови знаат на инфлуенсерите да им подарат нешто од следната сезона, тоа се случува -одговори сведокот на прашање на адвокатот Сашо Дуковски дали Боки добивал било што на средбите во странство.

– Бојан не е многу галантна личност, патувањата сама си ги плаќав, освен кога сме оделе со автомобил – одговори Јанковска која рече дека со Боки била на одмор пет дена во ресорт „Данаил“ во Грција и сѐ сама си платила.

Сега сведочи Александар Кртов, сопственик на галерија.