Одделението за педијатрија во струмичката болница се реновира по половина век

3

 

Одделението за педијатрија во струмичката болница почна да се реновира по половина век, соопштија од оваа здравствена установа.

Имено, со реновирањето е променета старата столарија, подот во болничките соби, обезбедени се нови болнички кревети, шкафчиња и простор за игра на дечињата.

Како што информираат од болницата, во наредниот период ќе се продолжи со целосна реконструкција на санитарниот јазол за пациентите, како и просторија за интензивно лекување.

Заради реновирањето одделението за педијатрија функционира во новите простории од дневната болница и амбуланта во приземјето, како и во дел од болничкиот оддел.

Од ЈЗУ „Општа болница Струмица“ се заблагодаруваат на сите донатори кои помогнале во реновирањето.