Одложена посетата на Костадиновска – Стојчевска на Турскиот театар поради пожарот во Универзална сала

6

Министерството за култура соопшти дека се одложува настанот на ресорната министерка Бисера Костадиновска –  Стојчевска која требаше денеска да направи увид во градежните работи на објектот на Турскиот театар во Скопје. Причината за одложување е избувнување на пожар во Универзалната сала.

Од Министерството за култура се извинуваат за одложувањето.

Претпладнево избувна пожар во Универзалната сала во Скопје, која е во фаза на реконструкција. Од Центарот за управување со кризи информираат дека гори една од куполите на објектот, пожарникарите се на самото место и се обидуваат да го изгаснат пожарот.