Однесувањето на Димитров под лупа, знаел дека има симптоми и затоа одбил да се ракува со Чориќ

Бугарскиот тенисер не сакал да се тестира на коронавирус по пристигнувањето во Задар.

27

Случајот со Гругор Димитров кој одби да се тестира на ковид-19 веднаш по пристигнувањето во Задар на вториот турнир „Адриа Тур“ иако неколку дена чувствувал малаксаност и имал зголемена температура, ја возбуди јавноста како регионалната така и светската.

Штетата предизвикана од позитивниот тест на ковид-19 засега е и во позитивните тестови на Борна Чориќ, тренерот на Бугаринот, Кристијан Грох и кондицискиот тренер на Новак Ѓоковиќ, Марко Паники.

Однесувањето на Димитров на „Адриа Тур“ било невообичаено, за медиумите и организаторот не е јасно зашто тој не сакал да се тестира во Задар, а и на првиот турнир кој се играше во Белград тој не беше во добро расположение, дури и не беше заедничката вечера на Ѓоковиќ со Александер Зверев и Доминик Тим во пресрет на првиот ден од натпреварувањето.

Тој по завршувањето на турнирот во Белград присуствуваше на забавата во еден ноќен клуб но и таму неговото расположение не беше како кај останатите тенисери. Потоа по пристигнувањето во Задар каде се играше вториот турнир од „Адриа Тур“ серијата, исто така одбегнуваше настани кои не беа задолжителни.