Одржан дводневен коњички турнир од македонската лига и државното првенство

0

На теренот на клубот Бравадос во скопско Волково, викендот се одржаа последното (4. коло) од Лига првенството на Македонија и 5. коло од Државното првенство.

Најдобри по класи во Лига првенството:

Категотрија Е со височина од 0,70 м и ширина 1 метар:

  1. место Ева Димитриевска со грлото Ерос од клубот Бравадос
  2. Ина Илиевска со грлото Балтазар од Бравадос
  3. Петра Мурговска со грлото Бравадос од Бравадос

Категорија А со височина од 1 м ширина 1,1 м:

  1. Зоран Јовановиќ со грлото Серафина од Бравадос
  2. Љупка Аврамовиќ со грлото Колпо Гросо од Бравадос
  3. Ева Димитриевска со грлото Квиви Гринфилд од Бравадос

Категорија А** со височина на пречките од 1,2 м ширина до 1,3 м:

  1. Петар Милошевски со грлото Надја од Бравадос

Најуспешни во Државното првенство:

Класа Е:

  1. место Ева Димитриевска со грлото Ерос од Бравадос
  2. Петра Мурговска со грлото Куакс од Бравадос
  3. место Лана Ефтимовска со грлото Прешес од Анималс

Класа Д:

1.Марта Димитриевиќ со грлото Калатус од Илинден

  1. Кристина Антовска со грлото Дон Октавијан од Анималс
  2. Ина Илиевска со грлото Балтазар од Бравадос

Класа Ц:

  1. Марта Димитриевиќ со грлото Калатус од Илинден
  2. Ева Димитриевска со грлото Квиви Гринфилд од Бравадос
  3. Софија Бешлиќ со грлото Метлок од Бравадос

Класа Б:

  1. Зоран Јовановиќ со грлото Серафина од Бравадос
  2. Меланија Атанасовска со грлото Фарам РВ од Илинден
  3. Леонида Гроздановска со грлото Џилдан од Анималс

Класа А:

  1. Леонида Гроздановска со грлото Кардино-14 од Анималс
  2. Љупка Аврамовиќ со грлото Колпо Гросо од Бравадос
  3. Петар Милошевски со грлото Надја од Бравадос.