ОД ГУРБЕТЧИСКИ НАРОД ДРЖАВА НЕ БИДУВА

317

Кога градиш куќа, не е битно твоето име туку квалитетот на керамидите, вратите и зидовите. Не си ти крив! Не знаеш, не си имал никогаш држава и сега кога ја имаш, не знаеш како да се однесуваш. Ама, барем научи! Ако не за себе, за твоите деца! Па, не им јеби матер бар на нив! Стоко!!!! Сиктер дома! За денес толку!

Од Агим ЈОНУЗ

Македонија се распаѓа пред нашите носови. Додуша, зависи кој и што подразбира под поимот распаѓање. Секако јас ниту посакувам ниту ми е драго. Јас само сакам онака здраво да анализирам каде сме и каде одиме! Да се разбереме, никој по долгорочно не размислува или уплашено молчи за тоа каква е траекторијата по која се движи државава. Македонија стана хроничен затвореник на менталитетот и проклетијата на разединетоста. Познато е дека секој втор во Македонија вели дека Македонија може многу лесно да биде како Швајцарија во смисла на имање капацитети, ама не секој втор, туку ни секој десетти не презема ништо. Во меѓувреме деструктивните сили и комбинацијата на примитивизам и конформизам само ја до уништуваат државата која цело време вели дека е зрела за влез во Европа, заборавајки дека не е ниту за во Африка. Македонија е феномен кој ретко кој може да го разбере, ако не живее по сокаците на нај хејтерскиот народ на светот, кој ужива во себеуништувањето. Но, да тргнеме по ред!

Како прво, како носител на државноста, а мнозинство, македонскиот народ е сам по себе феномен, кој низ историјата никогаш не покажал знаци или елементи на кохерентност, единство и цврстина на ткивото на ниво на интелектуалци, на движечка машинерија во смисла на авангарда. Историјата сведочи дека дури и за Крушевската република која на ниту еден бел лист хартија не стои дека била ‘‘македонска република‘‘, до последен момент не се знаело дали ќе се дигне востание или не. Вистината вели дека дури и во списокот на тие што гинеле, најголем дел се власи, албанци и понекој ‘‘чист македонец‘‘. А, што подразбираме под ‘‘ чист македонец‘‘. Ај да си ќутам. Туку, не е тоа темата. Ова го спомнувам од причина што нема нешто друго како ‘‘круцијаален историски бунтовен артефакт‘‘ за кој можеме да се фатиме кога се удираме во гради за ‘‘големата историја‘‘! Нејсе. За останатиот дел од историјата ке треба да се консултираат со Бугарите, кој ако  бидеме реални, по прво ке предизвикаат војна, отколку да се повлечат од податокот дека македонската историја е не само тесно врзана за бугарската, туку е чисто бугарска. Ако цели генерации изучувале една историја од читанките, и некој во дваесет и првиот век треба да дознае дека се било ‘‘ пу, пу, шалили смо се‘‘, тогаш, нешто не само што не оди во добар правец, туку оди директно во амбис! Јас сум еден од тие кои се образовале на македонски јазик и учеле историја, со изградба на респект кон македонските историски ликови. И што сега!? Јас на мои шеесет години треба да се помирам со податокот кој вели ‘‘ а бе, се заебаавме, вистината е поинаква‘‘! Момци! Имате пре озбилен проблем. А тоа е како да ме убедите дека јас цел живот не сум живеел во заблуда каде се корените на цивилизациските вредности на мојата татковина. Да, мојата! Ако сум Албанец! Кај на мајка ми ке си одам од овдека. На некој начин, и јас сум Македонец! Реков, на некој начин!

Ви време кога се пишува современата историја на ниво на дефинирање на македонската држава како нешто што е реалност, поразителен е фактот кој вели дека македонците кон својата држава  не се однесуваат одговорно. Апсолутна ( исконска) разединетост на сите нивоа, немање сенс за градење здрави институции на власта, немање сенс за сериозност на изградба на квалитетен социјален живот кој по автоматизам раѓа ‘‘ патриоти‘‘. Тотална дезориентација на правецот на градење реална македонска стварност на ниво на градење чувство на државност. Најтрагично е тоа што парафразирајки го зборот ‘‘ гурбетчиска земја‘‘, доаѓаме до реалната а болна вистина која вели дека и во дваесет и првиот век, во време на дефинитивна самостојна, современа, демократска и дефинирана Македонија, се што има грам акал бега од државата. Каде!? Па, што е зборот ‘‘ гурбет‘‘!? Народски речено, а нај автентино преводот би бил овој! ‘‘Бегај од оваа волкоебина, барај подобар живот, па повлечи не сите нас ако можеш‘‘! Гурбетот никогаш не бил само од немање пари. Туку од немање живот. Немање никаков смислол да се седи тука! Нејсе, за тоа не смееме да ги окарактеризираме само македонците, не е реално. Албанците се апсолутно иста приказна.

Како второ а многу битно и реално, албанската кауза, за разлика од македонската покажува поголема организираност. Некој ке рече ‘‘ а бе американците стојат зад нив‘‘ ! Не! Американците стојат и зад македонците, иначе немаше да има држава! Арно ама, кога во една вреќа ке ставиш два оштри камења, се кине вреќата ‘‘ кад-тад‘‘. Така во оваа наша држава имаме два народа со дебели комплекси секој за себе. А, иста боранија! Ништо помалку гурбетчиски народ, ништо по амбиентално различни. Секој со своја кауза, занемарувајки ја најважната кауза. Градење здрава држава. А, кого го заболе за државата во време во кое може да краде, да лаже, да манипулира, да станува некој и нешто преку ноќ, во која може да се случи се освен – здрав разум! Во Македонија има сериозна криза на здрав разум. А што вели здравиот разум!? Еве што! Да расчистиме зошто јас сметам дека Македонија се распаѓа и дека од гурбетчиски народ и менталитет не бидува држава!? Просто !Да се разбереме, јас не изигравам тука голем Македонец! Јас точно знам што сум и кој сум. Етнички Албанец сум. Имам македонски пасош и некаде надвор во туѓина ми се обраќаат со ‘‘ ало, македонец‘‘! Тоа е нормално. Арно ама, во земјата во која е роден и татко ми и дедо ми и прадедо ми ( тој пред него е дојден од под Кораб планина), чувствувам дека нема никаква иднина. За детето воопшто да не зборам. Секако, не само моето. Чувствувам дека таа држава се распаѓа. Од каде ми безобразие да речам дека се распаѓа!? Еве од каде.

Македонија го фати ‘‘ последниот воз‘‘ да влезе во НАТО и така ‘‘ спаси газ‘‘ од евентуално прекројување на границите и поделба на ‘‘ кому што треба‘‘. За триесет години не успеа да постави ниту темел на градење на ‘‘македонска нација‘‘ во смисла на една бројка која реално ја сака државата и спремна е да се жртвува за неа и нејзината индина. Етноцентризмот како гробар си игра цело време ‘‘ твистиген‘‘ врз гробот на една земја која можеше и требаше да биде ‘‘ Швајцарија на балканот‘‘! Арно ама, за да бидеш швајцарец, треба да размислуваш швајцарски, а не комитски, балистички или четнички. Треба да размислуваш за иднината а не за минатото. Девеесет проценти ад актуелните теми се поврзани за некаква историја и историски елементи за кои се расправа, не гледајки пред носот дека иднината е егзекутирана пред младите генерации. Не се создаде една влијателна маса на народ кој размислува ‘‘швајцарски‘‘. А, како да размислува, кога на политичкиот естаблишмент му е по битно дали мустаките на Гоце Делчев биле фарбани или имало по некое бело влакно. Или, дали Скендербег кога играл оро дали вртел во рака јамболија или памучно ќебе. Македонија има сериозен проблем со отварање врата на нови, авангардни ликови кои ‘‘ баш ги заболе и за Гоце, Моце и за Скендербег‘‘ туку за изградба на држава во која нема да ти треба пријателство за на лекар да добиеш услуга каква што му личи на еден цивилизиран и достоинствен ‘‘хомо сапиенс‘‘ на дваесет и првиот век. Ако некој рече дека за тоа е потребно прво да се расчисти со минатото за да се работи на иднината, ќе се согласам ама само до ниво кое не дозволува тоа минато да и  ‘‘ јебе матер‘‘ на сегашноста. На моето секојдневје. На мојата иднина. Да се разбереме, ако Македонија под итно не ја ре-дефинира филозофијата за тоа што е патриотизам, гледано од галактичкиот двоглед, брзо ке се распадне. Албанците сакале нејкеле, кога ке се  отворат сите граници по аутоматизам ке си живеат во една голема ‘‘ Етничка Албанија‘‘, србите по Скопје ке си играат ‘‘ чачак‘‘ и ќе им се подсмеваат на ‘‘чокалиите‘‘, Бугарите со апсолутно право ќе викаат ‘‘ еми ние сме в к‘шти‘‘ ( ние сме дома/ Бг), грците дефинитивно ќе си играат ‘‘дрндупка‘‘ со нас, а ние ќе се задоволуваме со тоа што сепак, барем ‘‘ на папиту‘‘ се викаме Македонија. Арно ама Северна! А, дали градиме генерации кои ќе се спротивстават еден ден на грците и ќе прашаат ‘‘ а каде е јужна, источна‘‘. Не! Ние не градиме такви генерации, ние само ( слободно љутете се) ‘‘ јадеме гомна‘‘! Ние сме една голема стока која не е свесна дека државата треба реално, а не само декларативно да се спасува и да се гради. Како!? Многу едноставно, ако стварно сметаме дека имаме услови да бидеме ‘‘ Швајцарија‘‘!

Под итно елиминирање на етноцентризмот од политиката, создавање на граѓанска политичка опција која гледа ‘‘ мајка во државата а не во партијата‘‘ и која ќе гради здрави институции на системот. Опција која единствено негува современи цивилизациски вредности и правила, а не правила на буздованот на Крале Марко или Муса Арбанаса. Опција која не прашува за име и презиме туку за вредности кои се над етнички, над примитивистички и реални за дваесет и првиот век. Луѓе! Државата ви се распаѓа пред нос а вие сте ќорави! Данокот еден ден ке се плати. Македонија оди во погрешен правец. Да! Ќе не чува НАТО! Не може никој да не дели! Ма немој! Да не се намерачи некој. Носите се бре у пичку лепу материну!

ООО ЏЕМААТ! .. Кога градиш куќа, не е битно твоето име туку квалитетот на керамидите, вратите и зидовите. Не си ти крив! Не знаеш, не си имал никогаш држава и сега кога ја имаш, не знаеш како да се однесуваш. Ама, барем научи! Ако не за себе, за твоите деца! Па, не им јеби матер бар на нив! Стоко!!!! Сиктер дома! За денес толку!

(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)