Од денеска се пресметува новата минимална плата

5

Законски утврдената минимална плата од денеска (1 декември 2019) во Македонија ќе изнесува 14.500 денари и е зголемена за 2.000 денари, а споредено со 2017 за 5.500 денари.

Истовремено државата ќе ги субвенционира придонесите од 600 до 6.000 денари, за сите компании од приватниот сектор коишто ќе ги зголемат платите за оваа сума на работниците независно дали се минимални или повисоки. Субвенциите ќе може да се користат во следните три години.

Собранието претходно ги изгласа Законите за минимална плата и за субвенционирање на придонесите за раст на плата со што платите во државата продолжуваат да се зголемуваат.

До денеска минималната плата во државата изнесува 12.507 денари. Зголемувањето на минималната плата ќе важи не само за приватниот, туку и за јавниот сектор. Досега 90 илјади граѓани примаат минимална плата од 12.500 денари.