Од ковид-19 починал еден вработен од затворот во битола, а 16 осуденици се позитивни

14

Едно вработено лице од Битолскиот затвор „Црн Мост“ на возраст од 47 години почина од ковид-19 пред два дена, а 16 осуденици се позитивни на коронавирусот, потврди за САКАМДАКАЖМ.МК директорот на затворот Драган Крајовски. Вработениот бил примен во Битолската болница откако му се влошила здравствената состојба и имал пад на сатурацијата, но и покрај укажаната потребна лекарска помош во саботата починал.

„Од осудените беа тестирани 20 лица, а 16 излегоа позитивни. Сите се на домашно лекување, така се нарекува третманот што го добиваат во ќелиите во затворот, само едно лице се носи в болница да прима инфузии, а другите се со полесни симптоми. Сите се во контакт со матичните лекари и овозможена им е потребната лекарска грижа“, рече Крајовски.

Во затворот се спроведуваат зајакнати хигиенски мерки.