Од повратот на ДДВ за три месеци, граѓаните, во просек, ќе добијат по 2,5 евра

6

Повратот на „МојДДВ“ за месеците јули, август и септември ќе биде исплатен до крајот на декември 2019.

За овој период, повратот изнесува 5 милиони евра, пари кои ќе бидат исплатени на трансакциските сметки кај граѓаните, стои на Фејсбук страницата на „МојДДВ“.

Во просек, од повратот, секој граѓанин на Македонија ќе добие по 2,5 евра.

Се разбира, пари ќе им бидат вратени само на оние кои скенирале фискални сметки.

Според „УЈП“ за месеците (октомври, ноември, декември) исплатата ќе се изврши во февруари 2020.