Од почетокот на војната 25-те најбогати Руси загубиле 60 милијарди долари

7

На почетокот на август, вкупното богатство на 25-те најбогати руски бизнисмени изнесуваше 322,57 милијарди долари. Во текот на изминатите осум месеци оваа сума е намалена за 60,25 милијарди. Ваквите пресметки се според рангирањето на милијардерите на Bloomberg Billionaires Index.

Петте најбогати Руси, според Блумберг, се:

Владимир Потанин – 31,6 милијарди долари. Од почетокот на годината го зголемил своето богатство за 691 милион долари.
Леонид Микелсон – 26,7 милијарди долари Во последните осум месеци загубил 5,73 милијарди долари.
Владимир Лисин – 22,5 милијарди долари. Неговото богатство е намалено за 5,5 милијарди.
Алексеј Мордашов – 20,6 милијарди долари. Според агенцијата, тој загубил најмногу од почетокот на годината – 8,2 милијарди.
Алишер Усманов – 20,4 милијарди долари. Неговите загуби изнесуваат 894 милиони.
Покрај Потанин, своето богатство можеа да го зголемат Андреј Гурјев (повеќе за 2,58 милијарди), Татјана Бакалчук (повеќе за 1,15 милијарди), Андреј Скоч (повеќе за 218 милиони).

Покрај Мордашов, големи загуби претрпеа и Генадиј Тимченко (неговото богатство се намали за 5,81 милијарди), Роман Абрамович (-5,98 милијарди), Виктор Рашников (-4,92 милијарди).

Ден пред почетокот на руската инвазија на Украина, на 23 февруари, РИА Новости пресмета дека заедничкото богатство на најбогатите Руси во рангирањето на милијардери на Блумберг (во тоа време 23 лица) изнесувало 342,74 милијарди долари. Агенцијата пресметала дека оваа сума е намалена за 32 милијарди од почетокот на годинава.

Во почетокот на април, РИА Новости пресмета дека заедничкото богатство на најбогатите руски бизнисмени, претставено во рејтингот на Блумберг (тогаш вклучуваше 22 Руси), изнесува 299,47 милијарди долари, а вредноста на нивните средства е намалена за 50,1 милијарди долари од почетокот на годината.