Од синоќа бројот на заразени со ковид-19 во земјава се искачи на 42

3

Уште седум новозаразени со коронавирус се потврдени во земјава, напиша доцна синоќа министерот за здравство Венко Филипче на официјалниот Фејсбук профил. Со новопотврдените случаи, вкупната бројката на заразени со КОВИД-19 во земјата е 42 луѓе.

Како што сподели Филипче, од 38 тестирани во текот на вчерашниот ден, позитивни на коронавирус се 3 лица од Дебар и 4 од Скопје.

Со тоа вкупниот број заболени во земјава достигна 42. Филипче информираше дека вчера се направени уште 22 теста, чии резултати се најавени за денеска.