Од утре наутро целосна забрана на движењето во Грција

9

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис попладнево најави целосна забрана на движењето во Грција, што стапува во сила утре во шест часот наутро, а дозволено ќе биде само посета на супермаркети, аптеки, посета на лекари или лица на кои им треба грижа, индивидуално спортување, прошетка на домашните миленичиња и оние кои работат да стигнат до нивните работни места, јави дописничката на МИА од Атина.

За секој што ќе ги прекрши забраните ќе следува казна од 150 евра.

Мицотакис за оваа негова одлука ги известил лидерите на политичките партии како и претседателката на Грција.