Оксфорд продолжува со тестирањето на вакцина против ковид-19

52

Оксфорд продолжува со тестирањето на вакцина против ковид-19, починатиот волонтер не ја примил вакцината

Тестирањето на вакцината против ковид-19 што ја развиваат „Астрозенека“ и Универзитетот Оксфорд ќе продолжи откако беше испитана смрт на еден волонтер во Бразил.

Здравствени власти не излегоа со детали за смртта на волонтерот, повикувајќи се на протоколите за доверливост, но Оксфорд соопшти дека проценката покажала дека нема опасност и оти истражувањето треба да продолжи.

ББЦ објави дека починатиот волонтер не ја ни примил вакцината што се тестира.

Само половина од учесниците во тестирањето ја примаат вакцината, додека останатите добиваат постоечка одобрена вакцина против менингитис. Ниту волонтерите, ниту нивните семејства знаат која од вакцините тие ја добиваат, што им овозможува на истражувачите да ги споредат резултатите на двете групи, со цел да добијат информации дали вакцината е ефективна.

Бразилските медиуми објавија дека 28-годишниот лекар всушност починал од компликации од ковид-19.