Оладете со Лука Дончиќ, таа лекција е веќе видена (ВИДЕО)

101

И покрај тоа што светот е импресиониран од феноменалните партии на Лука Дончиќ во дресот на Далас, сепак, има и такви кои премногу не го „мирисаат“ младиот Словенец. Еден од нов е легендарниот НБА кошаркар, Шекил О‘Нил.

Словенечкиот феномен во првото коло од плејофот го предводи Далас кон конференциско полуфинале. На четвртиот натпревар, тој придонесе со 43 поени и нов трипл-дабл во победата на својот тим против Клиперс, за израмнување на 2-2 во дуелот до четири добиени. Заедно со 17-те скокови и 13-те асистенции постави два трипл-дабл рекорди во НБА плејофот, и го повтори подвигот на легендарниот Мајкл Џордан. За рекордот да биде уште помоќен, тоа го направи со повреда на глуждот.

Сепак, најголемата коментаторска ѕвезда на ТВ-шоуто „Внатре во НБА“ кое се емитува на ТНТ, Шекил О‘Нил не сака да биде дел од војската на негови обожаватели. Имено, неговиот колега Чарлс Баркли го „пецна“ О’Нил дека сите полудеа од игрите на Дончиќ, а тоа го изиритира еден од најдобрите центри во историјата.

Тоа не е точно, само им кажувам на луѓето да го намалат малку воодушевувањето околу Лука Дончиќ. Слушајте, тој е одличен играч, но сум видел и други ѕвезди како го прават тоа. Сум видел играч како него и претходно, неговото име е Стеф Кари. Сум видел играч како него и претходно, неговото име е Џејмс Харден. Видов сè што направи Дончиќ, минатата недела тоа го имаше и Лилард. Јас велам да го намалам вашиот ентузијазам за Дончиќ, тоа е сè, вели Шек.