ОМИКРОН ПОТВРДЕН ВО ГРЦИЈА: Заразен е патник кој се вратил од Јужна Африка

6

Првиот случај на омикрон, новата варијанта на корона вирус, е откриен во Грција, потврди министерот за здравство Танос Плеврис.

Тој рече дека е заразен грчки државјанин на Крит, кој неодамна пристигнал од Јужна Африка.

Министерот увери дека се испочитувани сите карантински протоколи и протоколи за мониторинг.