ОН: Бројот на бегалци од Украина надмина шест милиони

7

Бројот на луѓе кои избегале од Украина надмина шест милиони во најголемата бегалска криза во Европа од Втората светска војна, соопшти агенцијата на ОН.

Руската инвазија, која започна на 24 февруари, предизвика масовно раселување на луѓето, вклучително и осум милиони раселени во Украина, според извештајот на Меѓународната организација за миграција (ИОМ).

Податоците на ОН покажуваат дека 6,03 милиони Украинци до денес ја напуштиле земјата.

Повеќето влегле во ЕУ преку граничните премини во Полска, Словачка, Унгарија и Романија. Повеќето од нив влегле во Полска, повеќе од 3,3 милиони.