ОН за ситуацијата во Украина: Милион бегалци за седум денa

18

Милион бегалци ја напуштија Украина и заминаа во соседните земји од почетокот на рускиот напад пред недела дена. За ова денеска информираше високиот комесар на Обединетите нации за бегалци (ОН), Филипо Гранди.

За само седум дена, бевме сведоци на егзодус на милион бегалци од Украина во соседни земји, напиша Гранди на Твитер.

Тој додаде дека за милиони други лица, внатре во Украина, време е оружјето да „стивне“ за да може да пристигне хуманитарната помош и да се спасат човечки животи.