Ортопедија остана без раководител, доктор Камнар си поднесе оставка

54

Камнар раководеше со оваа установа повеќе од три години и за тоа време успеа на операционите сали да им даде нов лик, односно, по повеќе децении беше реновиран хируршкиот блок на ортопедија.

Клиниката за ортопедија која е дел од Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), остана без раководител откако Д-р Виктор Камнар утрово поднел оставка од функцијата, објави Сител.

Како што пренесува телевизијата, оставката Камнар ја поднел од лични причини.

Камнар раководеше со оваа установа повеќе од три години и за тоа време успеа на операционите сали да им даде нов лик, односно, по повеќе децении беше реновиран хируршкиот блок на ортопедија.

Кој ќе го наследи Камнар на позицијата засега е нејасно.