Османи: Еве пеки, ќе се оди во Собрание, ќе се ратификува договореното ако е тоа барањето

3

Сметам дека би било несериозно едно вакво прашање важно за граѓаните и европската перспектива да се условува со некакво дневно политичко прашање и некаков партиски интерес, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Одговарајќи на прашањето дали опозицијата во наредниот период може да ги условува договорите со Бугарија со предвремени парламентарни избори.

– Граѓаните можат тоа да го идентификуваат и тоа ќе го казнат, тоа сум убеден. Во однос на тоа дали ќе се оди во собрание, можам да повторам ставот, дека мојот пристап не беше таков, сметам дека треба да го почитуваме тоа што Собранието еднаш го има донесено и ратификувано како договор и ние во рамки на тој договор треба да имплеметираме одредени фази.Бугарската страна за се што ќе се договориме треба да оди во нивното Собрание, тоа го бараат и наши луѓе од овде, опозиција, разни политички опоненти се приклучуваат кон оваа позиција на Бугарија. Еве пеки, ќе се оди во Собрание, ќе се ратификува ако е тоа барањето, рече Османи во гостувањето во Утрински брифинг.