Османи: Намалувањето на платите не треба да биде прва мерка за справување со економската криза

5

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, денеска на прес-конференција на прашање на ТВ21 околу мерките кои ги најавија од СДСМ за кратењето на платите, рече дека постојат други мерки кои од неговата партија ќе бидат поднесени во Владата.

„Сметам дека кратењето на платите не треба да биде прва мерка, туку треба други варијанти кои ќе бидат без лична траума кон луѓето и семејствата, во миговите кога се трауматизирани од самата криза од коронавирусот. Ние од ДУИ ќе поднесеме свои мислења до владата, и се разбира сите барања ќе бидат разгледани, а во конечната одлука ќе влијае и тимот на економски експерти“, рече Османи на денешната прес-конференција.