Османи: Поспремни сме од било која земја во историјата на ЕУ што почнувала со преговори

16

Вицепремиерот за европски прашања вели дека во октомври сите проценија дека сме спремни за почеток на преговори.

– Во 2020 има три одлучувачки самити. Ние работиме за оној во 26 март. Редовните извештаи на ЕУ се во април. Од ЕУ сакаат да објават вонреден извештај во февруари за да има врз основа на што да се донесе одлуката на самитот во мај. Но ставот нивни е дека нема по секоја цена да се оди на извештај доколку не се почувствува клима дека не може да се донесе одлука во март, за да не се случи уште една препорака да заврши неуспешно во март и дополнително ќе ги зголеми фрустрациите кај луѓето, изјави во гостување во Утрински брифинг на „Слободен печат“, вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи.

Османи вели дека во октомври сите проценија дека сме спремни за почеток на преговори.

– Ние не ретерираравме од октомври за да ја сменат оценката за нас, а тоа е дека сме поспремни од било која земја во историјата на ЕУ што почнувала со преговори, вели Османи.