Османи: Преку акциони планови ќе создадеме капацитети двојазичноста да не предизвикува проблеми во судството

8

Ќе ги почитуваме препораките на Венецијанската комисија за Законот за јазиците преку создавање капацитети, за двојазичноста да не создава проблеми во општеството, изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, кој смета дека нема големи разлики во ставовите на владините коалициски партнери ДУИ и СДСМ за ова прашање, освен што треба да се најде начин истиот да се имплементира.