Осуденикот Агим Красниќи после слободен викенд не се врати во штипскиот затвор

115

Директорот за затворот Штип, Мики Тодоров потврдува дека Агим Красниќи и официјално се води како бегалец откако вчера не се вратил во затворот после добиеното викенд отсуството.

Тодоров забележува дека Красниќи во измиматите години повеќе пати има користено викенд отсуство и дека скогаш се враќал во затворот. Немале никакви сомнежи дека тој нема да се врати и овој пат.

Сите институции се известени Управата за извршување на санкции, судот и полицијата.

Красниќи има 15-годишна казна затвор за повеќе кривични дела- за нерегуларности и предизвикување неправилности на парламентарните избори, неовластено поседување оружје и злосторничко здружување.

Казната ја издржува од 2008 што значи дека издржал 12 години затвор и му остануваат уште три. Инаку таканаречената Кондовска група тогаш доби вкупно 50 години затворска казна.

На истиот начин минатата година во македонските затвори не се јавија штипјанецот Игор Спасов, кој беше осиден за убиството на Мартин Нешковски и Драганчо Стојменовски, познат како Дацо Белски, кој беше осуден за тепачка и напад со нож во еден од кочанските реаторани.