Aктуелната ситуација во Македонија е многу жална и се што би анализирале би водело само кон едно резиме. А, тоа резиме вели дека во волку катастрофална ситуација каква што е, секоја промена на позитивно е добредојдена. Што е тоа што Македонија има да понуди на една нова геополитичка структура, па била таа и микрорегионална. Македонија е фукара! Голтар! Таа може само да зема а не да дава. А, од кого да зема, од исто ќорави и сакати заглавени во гомна до гуша
Од Агим ЈОНУЗ
Додека власта се рекламира исто како да е ‘‘Кока Кола‘‘, демек на прав пат сме, да се потсетивме дека за истото му се смеевме и на Грујо со својата елита кога го рекламираше ВМРО како да е ‘‘Adidas‘‘. Ма оваа власт е ‘‘исти клинац исто паковање‘‘! Нема везе, политика е тоа, ама не смееме да се правиме ќорави. Нејсе, и да сме на ‘‘правиот пат‘‘, некако возиме на гуми кои под итно треба да се ‘‘ балансираат‘. Дури, не е ни до гумите него треба да се мења цело тркало со се осовина. Велат, криво седи, право збори, па ако се водиме по тоа мораме да приметиме дека живееме во амбиент ‘‘ ниту е власта злато , ниту опозицијата сребро‘‘, ама дека треба да сме реални , ке се потрудиме. Уште пред една година пишував дека иднината на овој регион ќе е прво во микроинтеграции, а тек потоа онака ‘‘барабар‘‘ сите у Европа. Во меѓувреме цел регион да простите ‘‘ ќе го скинат с‘ К*рца‘‘ со понекој голем кредит за микроповрзување на инфраструктурата и пеглање на некое ново ‘‘братство –единство‘‘ во кое ќе се сакаме како никој до сега. А властите ќе слават мега успех. Драпај си таквото. Ќе се правиме како да не сме се испозаклале ‘‘тазе‘‘ историски, не сме се исповреѓале и испоплукале. Башка ќе ги ставиме мапите на големи србии и албании и ‘‘тебе-мене‘‘ комбинации у фиока. Нејсе. ‘‘Викај ураа и бегај назад‘‘! Јадел овој регион и поголеми колбаси.
Пред се не смееме да замижиме пред податокот кој вели дека државите од микрорегионот се економски и социјално ‘‘ у офсајд‘‘. Дека отварањето на пазарот е чекор што ќе им помогне на сите ‘‘да отворат очи‘‘, тоа не треба да се дискутира. Арно ама. Кога ќе се спојат ќор и сакат, работава ке биде смешна. Дали на меѓусоседско политичко ниво сме спремни да влеземе во некаква заедничко патување во време на сеуште неиздестилирани внатрешни економско политички бариери. Како и да е, опцијата за Отворен Балкан дава неколку прашања. Оваа идеја за отварање на балканот наивно е некој да смета дека е без диктат и координација со Калето. А, калето у координација со Европа. Тоа е онаа комбинација која ја викаме ‘‘ оние одозгора‘‘. Пошто како и да се фатиш во оваа танго кое секогаш завршува ‘‘ во кревет‘‘ ние сме ‘‘одоздола‘‘. Па сега кој каква слика замислува, така нека биде. Мисли ли некој дека ‘‘оние одозгора‘‘ се мутави?! Они точно знаат на што ‘‘ не увлакаат‘‘! Да не мисли некој дека на Вучиќ му текнало така сабајле се разбудил, па си рекол ‘‘ќе праам Отворен Балкан жими се‘‘! Само на овца може да и продаеш таква приказна, во време во кое сите висат во Стразбур и Брисел. У кој филм не фрлаат сега после неколку стотици иљади жртви на една од најкрволочните војни на балканот. Ама ако! Подобро така отколку да ни тутнат повторно пушки у рука.
Прашањето на отворен балкан е една политичка мастурбација која треба да заврши на начин што секој момент ке можат или да ја засилуваат таа интеграција, или да ја расипаат како дете нова играчка. Политика е тоа. Башка Геополитика. Ајде да размислуваме овака! Не мора да бидеме во право, туку да си тресеме зелени гурабии. Не еден, туку десет датуми за преговори да сме добиле барабар со Албанија, ние секако ќе ја чекаме и Србија. Без неа сликата е некомплетна како прво, а башка, која будала смета дека отворениот балкан со ‘‘веќе Србија унутра‘‘ еден ден ке може да ги однесе Албанија и Македонија во ЕУ, а на другите ке им рече ‘‘ идите сликајте се за пасош‘‘! Како ќе се одигра тоа? Просто. Ќе ни сервираат на нас ‘‘копук државите‘‘ игра во која треба да покажеме дека можеме да функционираме во некаква заедничка рамка и албанецот со србинот може да прави ‘‘ сана – бана‘‘ трговија и метании, за македонците нема никаков проблем зашто и онака кичмата се витка на сите страни, а тајкуните ионака се поврзани ‘‘ко свински црева‘‘. Треба да си апсолутно наивен да не признаеш дека ионака до сега се правени сите ‘‘ сана-бана‘‘ комбинации, ама тие треба да се легализираат за да се види дека ‘‘ еве бе, Европа е тука‘‘. Европа е одамна тука друже, уште во времето од кое не три, туку шест држаави заедно функционираа ( пардон и две покраини). Арно ама, во случајов меѓународната заедница многу повеќе игра ‘‘геополитика‘‘ отколку регионална економија. Регионалната економија е како папочна врвка споена за европските економски текови. Како и да свртиш, оваа игра во која ние ке живееме ‘‘како браќа на Балкан‘‘ е една математичка равенка со неколку непознати броеви.
Дали ќе се испегла Косово со овој потег? ‘‘У ком је грму зец Вучиќу‘‘? Нема тука ни зец ни грм. Има само мудар потег во кој многу капчиња ќе Се погодат на светнатата глава под балканското сонце. Косово ќе се доведе на немање многу простор за маневри освен себе си да се усмери во ‘‘мини шенгенска осмоза‘‘ во која сакало нејќело протокот на стока, услуги, пари и идеи ќе биде единствената политичка водилка. Самиот тој процес ќе наметне решавање или барем изнаоѓење на компромисни решенија за горечките нешта. Инвестициите на воспоставување коридори на соработка вклучително ќе инсталираат и ПР ( Joint Venture) механизми на ‘‘што ни требаше тепањето‘‘!!! Оп! Ете ти уште нови ‘‘Невладини- ова она,.. ее-хеее)! Ајде наросдсе ‘‘тазе Братство – Единство‘‘ и играчки за мали деца. Да заработи и студентарија за џепарлак и да напраи некоја журка! Ќе се замаскира сиромаштијата со една голема еуфорија дека овде се случува историски прогрес. Можеби историски географски прогрес , ама тоа е само играње со историјата која вели дека балканот одсекогаш бил предмет на ‘‘сега се отварам, сега се затварам‘‘. А што ке се случува во меѓувреме, ионака започнува и завршува со она што ке го диктира Европа. А, таа самата е во големи гомна. Нека е господ на помош. Во меѓувреме богатите ќе стануваат само побогати а сиромашните ‘‘ќе трчаат по Европа како кучиња за парче леб‘‘. Ако добро размислиме, државите на балканот се на тапет на јавноста по основ на корупција, криминал, непотизам и сто други ‘‘зврчки‘‘. Како би функционирала една заедница на ‘‘слеп води чоравог‘‘. Сакале ние или не, отварањето на ова прашање не може а да не доведе до модели во кои не само трговијата туку и политиката ќе треба да се адаптира на начин кој дозволува функционалност. Како? Народот не им верува на сопствените ‘‘чауши‘‘, па камо ли на нивниот ‘‘Dirty Dancing‘‘! На балканот не може да има интегративни процеси без квалитетна соработка на политичкиот фактор. А, козистенцијата на политилкиот фактор е сеуште на ниво на латентни национализми, популизми и амбиент на величење на етноцентризмот. Каков би бил тој политички механизам на соработка, ако се земе во предвид дека многу партии егзистираат на политичката сцена токму на основа на антагонизмите на ниво на ‘‘наши, ваши, нивни‘‘. Ќе има многу циркуси.
Запнал еден другар ај да правиме партија. Е ајде де! Три, пола, четри – сад! Така се правело партија. Можеби некогаш на почетоците да, додека не се знаеше уште кој е на маса а кој е на каса, ама сега па се знае кој е на каса. А која будала ке ти ја препушти ‘‘ касата‘‘! А, токму таа каса е најбитната тема околу која се сите филмови на интеграции, на проекти, на ‘‘градење бољи живот за сите‘‘. Секогаш и секаде во општествата кои негуваат демократија, борбата била само со една цел. Позиции, кои даваат моќ, моќта носи пари. Која е таа будала која смета дека проектот Отворен Балкан е ‘‘пацифизам и ние се сакаме, та браќа сме‘‘. Кои црни браќа бе, ако затреба во даден момент пак сите ке земат пушка во рака. Е, де, за тоа ке одлучи повторно некој друг, ама поентата ми е дека се започнува и завршува – кај парите. Секако, спакувано во ‘‘ позитивни геополитички миграции кон стабилизација и економски развој‘‘. Политичкиот речник во рацете на квалитетните ПР машини може да ти стокми каква сакаш приказна која на народот ке му даде до знаење дека се што се случува е напредок и пат кон светла иднина. Ма, да простите, се додека големите не се средат, не ги надминат своите проблеми и кризи, све је то што би рекол народ ‘‘ голи курац‘‘. Пардон за фразата, ама таа е нај автентична. Актуелната ситуација во Македонија е многу жална и се што би анализирале би водело само кон едно резиме. А, тоа резиме вели дека во волку катастрофална ситуација каква што е, секоја промена на позитивно е добредојдена. Што е тоа што Македонија има да понуди на една нова геополитичка структура, па била таа и микрорегионална. Македонија е фукара! Голтар! Таа може само да зема а не да дава. А, од кого да зема, од исто ќорави и сакати заглавени во гомна до гуша. Можеби не Албанија, која го развива туризмот до ниво на индустрија и граба многу брзо напред. Ама, од останатите може само да зема од тоа што тие од некаде земале. Секако микрорегионално позитивна, ама проектот Отворен Балкан е една голема геополитипка мастурбација. Причината е едноставна во суштина, а тоа е онолку колку што ние сакаме во Европа, таа најкурвински купува време фрлајки ни на нас ‘‘пофалби ‘‘ за микро отварањето, соработката и позитивните текови. Тоа е ментална мастурбација. Така Европа ке купи уште многу време за да не не земе во својата фамилија. Вака ке и бидем еидеални за ‘‘трипер комбинации‘‘ во кој еден ден можеби, реков можеби ке не земат во Европа. А до тогаш ние ке си бидеме тоа што реално сме. Балкан. Никогаш балканот сам за себе не одлучувал. Кога го држеле сит, кога гладен, кога мирен, кога закрвен. Идеална подлога за геополитики и филмови.
ООО ЏЕМААТ. Те разбирам дека ништо не разбираш. Збунет си. Не е страшно што си збунет, еден ден ке ти стане јасно, ама лошо е тоа што си гладен. А леб нема! Затоа, овој пат нема да ти речам ‘‘сиктер‘‘, туку само ‘‘нека ти е господ на помош‘‘! Хајт… полека накај дома.
(Авторот е редовен колумнист на ведникот КОХА)