Отишла да го посети вереникот и заедно загинале: Тела на две млади лица извлечено од рушевините во Туман

8

Албанија и стравичните земјотреси кои однесоа повеќе од 40 животи, и понатаму се во фокусот на вниманието на Балканот. Тажните приказни и судбините на настраданите луѓе влијаат скоро на сите.

Акцијата на пребарување и спасување трае веќе со денови на подрачјето на Туман во Драч. Спасувачи од Албанија, Турција, Србија и други земји продолжуваат со потрагата по лицата за кои се сомневаат дека се под рушевините.

Во градот Туман, спасувачите под рушевините на една зграда ги извлекле телата на Алмир Царе и Стела Стенеци, кои биле верени.

Тие останале заробени во станот, а од рушевините, освен нивните тела, извлечено е и тело на мало дете. Според пишувањата на медиумите, тие го држеле детето во раце обидувајќи се да го заштитат, но не успеале пренесува Аваз.

Албанските медиуми наведуваат дека Стела пред две години го изгубила својот татко. Живеела со мајка ѝ и брат ѝ, а ноќта кога се случил катастрофалниот земјотрес, била со својот вереник Алмир.